Македонија

Во кумановско повторно африканска чума кај свињите

05.01.2024 19:03

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека состојбата со болеста во овој регион засега е стабилна...

Во кумановско Тромеѓа повторно е регистрирана африканската чума кај свињите. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека состојбата со болеста во овој регион засега е стабилна. На фармата со 600 животни од различни категории, угинати се 60 свињи. Во моментов се спроведуваат мерки за депопулација.

Воспоставени се заштитна и зона под надзор. Опфатена е и населбата Карпош. Поради актуелната состојба затворен е и добиточниот пазар. Фармерите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство. Локалната самоуправа е обврзана да обезбеди локација за јама, најблиску до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни.

И лани во кумановско имаше појава на африканска чума. Сточарите од повеќе села протестираа во неколку наврати.