Македонија
Форензика - траг кон вистината
05.01.2024 20:29
Еден по еден доказ ја редат сложувалката на стореното кривичното дело. Форензичарите ја раскажуваат приказната на минатото. Македонската телевизија ексклузивно во лабораторијата каде се решаваат најголемите мистерии во земјава...

Кога модерната технологија ќе се спои со праксата и теоријата, расветлувањето на кривичните дела добива брз епилог. Модерната форензика, не е тоа што го гледаме во популарните форензички серии, кои дефинитивно се потпираат на нејзините постулати. МТВ ви прикажува како работат домашните форензичари кои освен што помагаат да се најдат сторителите на кривични дела, им помагаат и со совет на западните кинематографии како најверодостојно да екранизираат кривичен настан.
Анита Димитријевска - Велковска
