Македонија

Четири лица спроведени во Кривичен суд поради вчерашниот инцидент во М-НАВ

05.01.2024 21:09

Четворица поврзни со упадот во Контролата на летање донесени во Кривичниот суд. Обвинителстовото побара притвор и најстрога казна за сторителите. Финансова полиција влегува во Македонската навигација, ќе се чешла работењето на раководството …

Четворица осомничени меѓу нив и Беким Незири, вечерва се донесени во Кривичниот суд во Скопје, поради вчерашниот инцидент во Контролата на летање. По уште четворица од осумте кои упаднаа вчера во зградата на Македонската навигација, полицијата сè уште трага. Обвинителстовото побара притвор и најстрога казна за сторителите.

Случувањата во Македонската навигација го кренаа алармот кај институциите. Во вторник во М-НАВ влегува Финансова полиција да го чешла работењето на Синдикатот и на менаџментот. По вчерашните најави на премиерот Ковачевски дека веднаш по празникот ќе бидат разрешени сите челници на ова тело, денеска пред јавноста се огласи директорот Хамиди кој вели дека нема да даде оставка, а целиот скандал го гледа само како недоразбирање меѓу колегите.

Претседателот на Синдикатот, Тасевски беше повикан од делегацијата на Европската унија каде ги изнел деталите од целата ситуација, а известена е и Светската организација на контролори. Инцидентот го осуди и претседателот Пендаровски.