Крушево
Уникатната манифестација „Дева“ го најави Христовото раѓање
05.01.2024 21:22
Во Крушево се одржа манифестацијата „Дева“ со единствени обичаи како во Витлеем и го најави Христовото раѓање. Крушевчани горди на вековните традиции …

Со единствени обичаи што ги има само во Витлеем, Крушево го најави Христовото раѓање. Се одржа манифестацијата „Дева“. Момчињата со уникатната песна Дево, Деване им тропнаа на крушевчани.
Обичаите пред многу векови стигнале во Крушево и се одржале.
Младите сакаат да ги учат и зачуваат единствените обичаи.
„Дева“ организирано се одржа по 11-ти пат. Се собраа пари и за првото бебе во Крушево по петти јануари.
Елизабета Митреска
