Временска прогноза
Променливо облачно и магливо
06.01.2024 08:46
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.
