АМСМ
Магла на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село
06.01.2024 09:02
Намалена видливост поради магла од 50 м до 100 м има на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 м до 100 м има на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
