Аерозагадување

Со проект на УНДП ќе се бараат решенија за аерозагаденоста во Струмица

06.01.2024 09:59

Општина Струмица формираше координативно тело со претставници од повеќе институции кои треба да ги лоцираат загадувачите на воздухот а со проект на УНДП ќе се бараат решенија како да се надмине проблемот. Во Струмица цели две недели мерните станици покажуваа висока аерозагаденост.

Општина Струмица формираше координативно работно тело со претставници на граѓанскиот сектор, локалната и централната но и судската власт чија задача ќе биде справување со аерозагадувањето. За екоактивистите потребно е сериозен пристап но и повеќе финансиски средства за решавање на овој проблем оти цели две недели имаше високи концентрации на ПМ 10 честички.

Во Струмица се имплементира проект од УНДП вреден 20 милиони денари со кој се врши мерења на воздухот во затворен и надворешен простор а резултати ќе бидат индикативни мерки при изработка на акциски план за справување со аерозагадувањето.

Домаќинствата кои се греат на огревно дрво, индустриските капацитети и сообраќајот се најголемите загадувачи на воздухот во Струмица сметаат доброупатените.

 

Ване Трајков