САД
Џо Бајден ја почна кампањата за претседателските избори во 2024 година
06.01.2024 10:10
Кампањата на актуелниот претседател на Соединетите американски држави, Џо Бајден, за изборите во 2024 година почна со прво промотивно видео со наслов „Причината“

Кампањата на актуелниот претседател на Соединетите американски држави, Џо Бајден, за изборите во 2024 година почна со прво промотивно видео со наслов „Причината“. Видеоснимката предупредува на екстремистичката закана за демократијата.
Видеото се објавува на третата годишнина од нападот на Капитол од страна на приврзаниците на Доналд Трамп.
Претходно, Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа одлуката на судот во Колорадо за отстранување на поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче во државата. Судот закажа усна расправа за 8-ми февруари.
