Распишана меѓународна потерница за ексдиректорот на УЈП, Исмет Гури
Распишана е потерница за поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури. Ова следува откако полициските службеници не го пронашле на адресата каде издржувал домашен притвор.

Распишана е потерница за поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури. Ова следува откако полициските службеници не го пронашле на адресата каде издржувал домашен притвор.
Гури најпрво беше во затворски, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, но откако по жалба на обвинителството е донесена одлука, притворот повторно да се преиначи во затворски, Гури побегнал. Тој во јули, лани беше уапсен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.
Против него, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во којшто се изречени неправосилни затворски казни. Гури беше член на ДУИ, а потоа му се придружи на движењето на Изет Меџити.
