Министерката Тренчевска имаше сообраќајна незгода, лесно повреден е возачот
Вчера попладне се случи сообраќајна незгода помеѓу две возила. Во едното од нив била министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Вчера попладне на патот Штип – Радовиш во близина на село Лакавица – штипско се случи сообраќајна незгода помеѓу две возила. Во едното од нив се превезувала министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Второто возило „пасат“ со швајцарски ознаки го управувал 48-годишниот М.Ј. од село Мокриево,
Општина Ново Село и имал четири сопатници. Со лесна повреда се здобил 53 годишниот возач на министерката со иницијали Г. А.
На социјалните мрежи министерката објави дека по сообраќајната незгода сите патници се во добра состојба. До сега не се пријавени повреди кај други лица.
Славица Величковска
