Македнија со најстабилен банкарски систем во регионот
Поволната бизнис клима во Македонија се рефлектира и во банкарскиот систем. Споредбено со Србија и Бугарија, Македонија веќе две години има подобри резултати кога станува збор за кредитното портфолио. Статистиката покажува двојно помалку нефункционални кредити во Македонија, во споредба со Србија. За банкарите ова се знаци кои укажуваат дека 2014-та, може да биде подобра од 2013-та, кога кредитен раст изнесуваше 6,44 проценти...

Македонскиот банкарски систем во споредба со бугарскиот и српскиот е најстабилен. Минатогодишното кредитно портфолио на банките искажано во бројки има позитива само во Македонија, и тоа од 6,44 проценти. Во Србија банкарското портфолио е со негатива од 5,73 проценти, а бугарското со негатива од 0,40 проценти.
Ако македонските комерцијални банки ги следат до крај препораките на НБРМ, оваа година експертите велат реален е поголем кредитен раст.
„Банкарскиот сектор бележи раст иако тој раст не е на нио кое ние го очекуваме, радува фактот што првиот квартал од 2014 е подобар од првиот квартал од 2013 година и очекуваме тој тренд да продолжи“, Емилија Спировска- директор Про Крдит Банка Македонија
Од вкупниот број на издадени кредити минатата година во Македонија, 11,51 процент отпаѓаат на таканаречените нефункционални. Ова е двојно помалку од нефункционалните кредити во соседна Србија. Тамошните банкарски експерти велат условите за водење на бизнис во Македонија се многу подобри од оние во Србија.
„Општата економска ситуација во Србија се разликува од онаа во Македонија. Србија има многу понизок степен на ДБП и многу поголема задолженост на државата и компаниите, зголемениот раст на кредити пре кризата влијае врз создавањето на нефункционални кредити“, рече Дејан Јањатовиќ, директор Про Кредит Банка Србија.
Шеснаесет комерцијални банки опстојуваат во државава. Повеќето од нив се со странски капитал. За Спировска информациите дека дел од профитот се изнесува од македонија е чиста шпекулација. Зголеменото кредитирање на мали и средни претпријатија е доказ дека парите се во постојано движење, развивајки ја домашната економија.
Дијана Иванова
