Со бадникова поворка одбележан големиот празник
Охриѓани денеска ја продолжија старата изворна и духовна традиција на прославување на бадник. Повеќе стотици дечиња од Охрид и општина Дебрца пеејќи ја песната „Вечниот бог“ во бадникова поворка прошетаа низ градот симболично најавувајќи го христовото раѓање.

Околу илјада коледарчиња во Бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот бог“ продефилираа низ охридските улици и чаршијата најавувајќи го Христовото раѓање.
Бадниковите поворки во Охрид се практикувале пред Втората Светска војна, а помасовно откако се возобнови оваа традиција пред 11 години.
На градскиот плоштад дечињата беа дочекани од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој на учесниците во Бадниковата поворка им подели пригодни подароци.
„Вакви да кажам традиционални работи коишто го подигнуваат духот на самиот народ сметам дека е добро да се одржуваат не само во иднина, туку да ни остане традицијата долги, долги години“, изјави Кирил
Пецаков-градоначалник на Охрид
„Благодарение на заложбите на нашиот епископ, господин Партениј успеавме да создадеме една традиција на Бадниковите поворки која не само во Охрид, ете се прошири по сите градови во Македонија“, изјави Летка Филипова-координатор на манифестацијата „Бадникова поворка“.
Годинава новина беше пеењето на песната „Вечниот бог“ на знаковен јазик.
Сашо Нелоски
