Политичарите испратија празнични честитки до верниците
Претседателот Пендаровски повика на солидарност, социјална правда, личен интегритет и почит кон различните. Премиерот Ковачевски повика на сплотеност, сите заедно да направиме нов чекор кон изградба на перспективно општество, со среќни луѓе. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара на овој ден, да споделиме грижа и топлина и да се сетиме на луѓето на кои им е потребна грижа.

Политичарите испратија празнични честитки до верниците. Претседателот Пендаровски повика на солидарност, социјална правда, личен интегритет и почит кон различните.
„Годинава Божик се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања предизвикани од војни, кризи и социјални неправди. Предизвиците не ги одминуваат ниту македонските граѓани, особено најранливите. Црквата е повикана активно да учествува во обновата на надежта, довербата и добрината во нашата заедничка македонска татковина“, вели претседателот.
Премиерот Ковачевски повика на сплотеност, сите заедно да направиме нов чекор кон изградба на перспективно општество, со среќни луѓе. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара на овој ден, да споделиме грижа и топлина и да се сетиме на луѓето на кои им е потребна грижа.
