2.000 дечиња учесници на бадниковите поворки
Со бадникова поворка најмладите го најавија христовото раѓање. Бадник и Божиќ празници во кругот на најблиските. Храмовите полни со верници здравје и пораки за сплотеност и хуманост испратија кумот и здравичарот на централната прослава пред Соборниот храм...

Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ претесен да ги собере верниците. Од изутрина побрзаа да ја испочитуваат христијанската традиција. Запалија свеќа за здравје и му се помолија на Бога за мир во душите, среќа, радост за нив и нивните семејства. Бадник е симбол за заедништво, слога, време за најблиските. Граѓаните ни раскажаа за традициите на бадниковата посна трпеза.
Откако се испи греаната ракија, се осветија бадниковите гранчиња, годинашниот кум Божидар Јанковски и здравичарот Анастас Тановски како што е адетот ја свртија погачата. На централната Бадникарска прослава, пораки за меѓусебно почитување, љубов и разбирање.
2.000 дечиња носејќи златна ѕвезда во рацете како симбол на онаа од Витлеем пеејќи го Вечниот Бог го најавија Христовото раѓање. Од плоштадот Македонија, преку Камениот мост, бадниковата поворка најголема досега, заврши во Соборниот храм каде малите коледарчиња беа пречекани и дарувани од Архиепископот г.г. Стефан.
Викторија Милевска
