Обреновец: Македонец апелира за помош

07.06.2014 16:45

Во Обреновец меѓу настраданите е и Македонец кој апелира за помош. Досега никој не му помогнал, нема средства за егзистенција, нема каде да живее, само голи ѕидови!

Во Обреновец водата се повлече. Животот полека се враќа. Но, за македонскиот државјанин Милан Ристевски, инвалид со 8 члената фамилија помошта и проценката на штетата никако да дојдат.

И тој ги преживеа страотиите од катастрофалната поплава!-

Во 6 часот наутро, одеднаш за половина сат наиде вода висока 3-4 м. Ние избегавме на покривот. Но, во таа буица почина сопругата на мојот работник“, вели Ристевски.

Домот и дуќанот на Ристевски 17 дена биле 3 метра под вода. Сега има само голи ѕидови и спомени на фотографии, без средства за егзистенција. Струја, храна и питка вода нема, а фамилијата е згрижена кај роднините во Војводина.

Кога после 17 дена дојдовме да чистиме, сеуште имаше вода. Плачевме колку ми беше мака. 10 лица ја носевме  покуќнината и ја фрлавме. И паркети и ормани. Се, се- е исфрлено! Ништо повеќе немам! Ништо! Тоа е се што беше и готово!“, вели Ристевски.

Ристевски штетата ја проценува на 100.000 евра. Сака фамилијата да ја префрли во Македонија, во неговото Доленци- Демирхисарско! Тој апелира за помош! Немам ништо освен голи ѕидови -вели тој!

Никаква помош немам добиено! Од Р.Македонија, сакам-доколку може, било каква помош да добијам, да обезбедам услови за живот и децата да ги школувам“, додава Ристевски.

Преставници на Македонската амбасада, носејќи првична помош ја посети фамилијата Ристевски, ветувајќи повеќе подршка.

Како амбасада првично што можевме да донесеме-донесовме. Но, во соработка со македонската влада сакаме уште помош да пратиме.Таа помош ќе биде таргетирана.Тоа што може-ќе помогнеме“, изјави Марјан Јовановски, Конзул на Р.Македонија во Белград.

И Националниот совет на Македонците во Србија сите денови на поплавите активно е вклучен во собирањето помош.

Ние Македонците од Р.Србија, здружено сакаме да помогнеме на сите македонци кои настрадаа во поплавите. Денеска сме во Обреновец. Ќе ги посетиме и другите места-Краљево, Свилајнац...секаде каде имаме загрозени македонци, со цел да видиме што е она што им е најпотребно за помош, за да им помогнеме што побргу да се вратат во нормалниот живот“, изјави Борче Величковски, претседател на Националниот совет на македонците во Србија.

Оливер Бранковиќ