Изложба на Ѓорѓи Зографски во Велес

07.01.2024 09:17

Културен настан која ја одбележа годината која замина и почетокот на оваа, изложба на дела – портрети од Ѓорѓи Зографски, во Велес каде го мина поголемиот дел од животот, каде твореше и работеше.

Со изложба на портрети, Ѓорѓи Зографски, зограф и сликар, се врати во Велес, градот каде го мина поголемиот дел од неговиот живот. Десетина дела се изложени во Народен музеј. Истите се во сопственост на фамилијата или институции и поединци од градот. Зографски е роден во Папрадиште но живеел и работел во Велес. Пред јавноста претставено е дел од неговото творештво, портрети.

Оваа изложба е културен настан во Велес, кој ја затвори ланската година но и ја започна новата. Авторот е претставен со цртежи портрети на имотни велешани, кои сакале да остават трага зад себе а меѓу делата е и неговиот автопортрет.

Сликата изработена во темпера на платно „Страшниот суд“ која се наоѓа во храмот Св. Пантелејмон досега не е јавно изложувана. Ѓорѓи Зографски својата уметничка личност и развој ги формирал во средините во кои се движел и создавал – Македонија, Русија, Бугарија и Србија.

 

Петар Печков