Корејски полуостров

Северна Кореја повторно со артилериски вежби во близина на јужнокорејски полуостров

07.01.2024 12:41

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја упатила најмалку 60 артилериски гранати во близина на поморската граница меѓу двете земји.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја упатила најмалку 60 артилериски гранати во близина на поморската граница меѓу двете земји.

На тоа претходеле најмалку 200 артилериски проектили. Во петокот, јужнокорејската војска одржа боеви вежби на море како подготовка за одговор на можен напад од Пјонгјанг.

Сестрата на Ким Џонг Ун, соопшти дека војската на Северна Кореја е подготвена да реагира дури и на најмала провокација од Јужна Кореја.