САД

Приземјен 171 патнички авион „Боинг 737-9 Макс

07.01.2024 13:19

Федералната воздухопловна администрација нареди приземјување на 171 патнички авион „Боинг 737-9 Макс“ по инцидентот за време на летот...

Федералната воздухопловна администрација нареди приземјување на 171 патнички авион „Боинг 737-9 Макс“ по инцидентот за време на летот на еден од воздухопловите на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“.

Наредена е итна инспекција на сите летала пред да се вратат во употреба.

Одлуката доаѓа откако лет на „Алјаска ерлајнс“ принудно слета шест минути по летувањето, откако се откорнал прозорец и дел од патничката кабина.