Православните христијани го празнуваат Христовото раѓање-Божиќ
Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архијерејска литургија.

Божик е најсветлиот христијански празник, кога се слави рождеството на богомладенецот, Исус Христос, со што божјата светлина го огреа светот. Храмовите исполнети со верници. Централното одбележување на празникот се одржа во соборната црква „Свети Климент Охридски“, каде архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан чиноначалствуваше со светата литургија. Граѓаните со желби за мир, напредок, здравје, обединување и помирни денови за подобро утре.
Поглаварот на Mакедонската православна црква – Oхридска архиепископија во своето божикно послание повика на духовно и национално единство.
На божикните литургии присуствуваа и дел од политичарите, кои посакаа благосостојба и подобра година.
Христовото раѓање прославено во сите градови низ земјава.
Ирина Гелевска
