Прилеп

Божиќен ручек за 400 деца

07.01.2024 17:41

Околу 400 деца седнаа денеска на заеднички божиќен ручек. Традиционално во Прилеп се одржа по 18-ти пат. Децата ги испратија најискрените желби, а нивната насмевка беше и најголема порака.

Околу 400 деца од сите краишта на земјава седнаа на заеднички божикен ручек. Радост, смеа и многу желби упатија децата, среќни што се заедно и безгрижни.

Под мотото „Едно небо за сите деца“, божикниот ручек се одржува по 18-ти пат. Ги вклучува децата без родители, од згрижувачки семејства, на бранителите, од социјално загрозени семејства, од домовите за згрижување и од верските заедници.

Детските вредности се пример за возрасните.

 

Елизабета Митреска