Формула 1

Ништо од рекордни 22 трки

05.12.2013 14:03

И покрај најавите во провизорниот календар за сезоната 2014-та дека се можни 22 трки во 65-тата сезона во формула 1 шампионатот, сепак во официјалниот календарот објавен од ФИА за следната година се предвидени 19 трки. Очекувано, ги нема трките во Њу Џерси и Мексико, нема да се вози ниту Кореја поради малиот интерес на спонзорите, а на голема врата се враќа трката за големата награда на Австрија и за прв пат ќе се вози ГН на Русија на патеката во олимписко Сочи.  Сезоната 2014-та ќе стартува во Австралија на 16-ти март, а место во Бразил ќе заврши во Абу Даби на 23 ноември.

И покрај најавите во провизорниот календар за сезоната 2014-та дека се можни 22 трки во 65-тата сезона во формула 1 шампионатот, сепак во официјалниот календарот објавен од ФИА за следната година се предвидени 19 трки. Очекувано, ги нема трките во Њу Џерси и Мексико, нема да се вози ниту Кореја поради малиот интерес на спонзорите, а на голема врата се враќа трката за големата награда на Австрија и за прв пат ќе се вози ГН на Русија на патеката во олимписко Сочи.  Сезоната 2014-та ќе стартува во Австралија на 16-ти март, а место во Бразил ќе заврши во Абу Даби на 23 ноември. Според тимовите 19 е идеалниот број трки бидејќи повеќе натпревари би предизвикале проблем со логистиката и особено за помалите тимови финансиски тешкотии. Во идната сезона најфрекфентни ќе бидат  ноември и јули кога се предвидени по три трки.

Рапоред на Ф1 трки за 2014-та:

16 март –ГН Австралија

30 март-ГН МАлезија

06 април-ГН Бахреин

20 април-ГН Кина

11 мај-ГН Шпанија

25 мај-ГН Монако

08 јуни- ГН Канада

22 јуни- ГН Австрија

06 јули- ГН Британија

20 јули- ГН Германија

27 јули – ГН ГН Унгарија

24 август-ГН Белгија

07 септември-ГН Италија

21 септември-ГН Сингапур

05 октомври-ГН Јапонија

12 октомври-ГН Русија

02 ноември-ГН САД

09 ноември –ГН Бразил

23 ноември-ГН Абу Даби

 

 

Зоран Видевски