Тетово

Бадникарскиот маскенбал во Тетово од година на година се помасовен

07.01.2024 16:20

Бадникарскиот маскенбал во Тетово од година вгодина се помасовен со духовити и инвентивни маски. Тетовци бараат маскенбалот да биде поорганизиран како тие во Струмица и Вевчани, а за тоа да се погрижат властите.

Бадникарскиот маскенбал во Тетово се помасовен. Преовладуваа маски од филмски ликови, затвореници, но и разни духовити и инвентивни маски.

Кафулињата и рестораните беа преполни. Учесниците сметаат дека маскенбалот во иднина треба да биде под покровителство на градската власт, за да може да биде поорганизиран со дефиле по градските улици

Традицијата на маскирање на дечињата е многу стара, а последниве неколку децении се повеќе ја прифаќаат помладите и повозрасните, вели Зоран Андонов новинар и фотограф со повеќе децениско искуство

И оваа година бадникарскиот максенбал во Тетово го започнаа најмладите во доцните попладневни часови кои маскирани одеа од врата на врата и ја пееја познатата песна „Бдња баба“, а од домаќинките добиваа костени, ореви, паричиња.

Инаку синоќа во секое тетовско мало се палеше бадникарски оган и со посна трпеза се дочека Христовото рождество.

 

Зоран Димовски