Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Температурите ќе се движат од 1 до 12 степени. Во Скопје максималната температурата ќе достигне 8 степени.
