САД

САД: Министерот за одбрана Остин хоспитализиран

08.01.2024 09:39

Заменичката министерка за одбрана на САД не била информирана дека министерот Лојд Остин бил хоспитализиран кога таа презела некои од неговите должности.

Заменичката министерка за одбрана на САД не била информирана дека министерот Лојд Остин бил хоспитализиран кога таа презела некои од неговите должности.

Кетлин Хикс била информирана дури два дена подоцна дека Остин бил примен во воената болница „Волтер Рид“ на Нова година, објави СНН.

Министерот Остин е втор човек по претседателот Бајден во командната хиерархија на американската војска и неговите должности бараат тој да биде на располагање во секое време за да одговори на секаков вид на национална безбедносна криза.