Заболувања

Зголемен број пациенти со респираторни заболувања

08.01.2024 10:09

Зголемен бројот на пациенти со респираторни заболувања. Има заразени од ковид и грип, но лекарите велат разликата е лесновоочлива, не е потребно дополнително тестирање. Бројот на заболени ќе продолжи да расте и неделава. Пикот се очекува во средината на јануари.

Трипати е зголемен бројот на пациенти. 90 проценти се со горнореспираторна или долнореспираторна инфекција, вели докторката Ѓоргиевска. Младите добиваат општи совети и препораки. Повозрасните оние со коморбидитети, докторка Ѓорѓиевска вели ги потсетуваат дека треба да ја следат состојбата за да може да се дејствува на време. Иако лекарите потсетуваат дека рехидратацијата е најважна, голем дел од пациентите немаат пари да ја купат.

На оние на кои ќе им се искомплицира состојбата, матичните имаат проблем да најдат термин.

Треска, температура, болки во коските, премаленост и кај грип и кај ковид траат од 3 до 4 дена, но може да се пролонгира и 7 дена. Но матичните успеваат и без тест да направат разлика.

Најчестото прашање од исплашените родители деновиве е околу температурата на децата која имаат чувство дека не се намалува.

Бројот на заболени ќе продолжи да расте и неделава, пикот се очекува во средината на јануари, велат епидемиолозите.

 

Наташа Јанчиќ Менковски