Нова опрема доби Клиниката за неврологија

07.06.2014 17:00

Апаратите ќе го подигнат кавлитетот на здравствните услуги, но останува проблемот со упатување. Иако прокетот мој термин важи веќе 4 месеци некои здравствени работници се уште не го научиле...

Подобар третман на пацинетите со мозочен удар, како и прочистување на крвната плазма од 80 до 100 проценти ќе озвозможат новите апарати кои ги доби Клиниката за неврологија. Годишно се третираат 4.000 пацинети со мозочен удар.

 
„Очекувам дека со овие два апарати, кои се ставени веќе во функција ќе се намалат листите на чекање но и ќе се зголеми точноста на дијагностицирање“, изјави министерост за здравство Никола Тодоров.
 
Апаратите ќе го подигнат кавлитетот на здравствните услуги, но останува проблемот со упатување. Иако прокетот мој термин важи веќе 4 месеци некои здравствени работници се уште не го научиле. Надлежните со СМС пораки ќе ги потестуваат лекарите на овој прокет.
 
„Кога станува збор за препаќање од една во друга клиника, не треба да ги враќаат пацинетите кај матичен лекар, туку треба  во рамките на системот да издадат интреспецијалистички упат,со што ќе се намали малтретирањето на пацинетите и ќе се зголеми ефикасноста на целиот здравствен систем“, додаде Тодоров.
 
Поради начинот на упатување пацинетите до Фондот за здравстевно осигурување се пожалиле од 10 клиники. Надлежните се оптимисти дека СМС пораките ќе дадат резултат.
 
 
 
Наташа Јанчиќ