Икона

Православната света икона нераскинлив дел од секое христијанско семејство

08.01.2024 12:18

Се повеќе млади верници купуваат икони. Има интерес и да го научат занаетот за нивна изработка.

Светата икона е нераскинлив дел од христијанските семејства. Во православието тоа не е само обичен предмет туку слика на која се претставува ликот и моќта на некоја светица.

Традицијата вели дека верниците не само во црквите туку и во домовите им се молат на светците за кои веруваат дека се нивни заштитници.

Колку повеќе свети симболи толку духовно е побогато семејството. Изборот на иконите во домот најчесто се одредува по домашната слава или се почитува започнатата традиција од предците велат граѓаните од православието.

А за да се изработи квалитетна икона неопходно е големо трпение и верба во бога. Семејството Макариовски веќе две децении практикувајќи го византискиот стил создава икони.

Макариовски вели на вакви денови не сака да зборува за материјалната добивка. Истакнува дека најважно е тоа што се повеќе млади купуваат свети симболи а има и интерес за наследување на овој занает.

 

Стевче Митревски