Земјоделство

Падни - стани со откупот на тутунот

08.01.2024 14:15

Ниту зголемените цени за 10 насто не го интензивираа откупот. Тутунарите резервирани во предавањето на родот – поради високите производни трошоци немаат есап.

Тутунарите од струмичко тактизираат со предавањето произведените количини од ланската реголат и покрај тоа што откупените цени се зголемени за десет насто. По откупните пунктови во струмичко нема гужви. Цените се многу ниски во однос на трошоците, вели производителот Васил Ширков, кој бара реалната откупна цена со субвенциите да биде најмалку 600 денари.

Зголемувањето на откупната цена за 10 насто не е доволно, смета Коле Митев, кој 40 години е тутунопроизводител. Според него токму ниските цени низ годините предизвика да нема нови тутунари на нашите простори.

Тутунските здруженија од струмичко радовишкиот регион, соопштија дека производителите сè уште го чуваат произведениот тутун во своите домови и не го предаваат кај четирите фирми кои вршат откуп на тутун.

 

Ване Трајков