Сообраќај
МВР: 132 санкционирани возачи во Скопје
09.01.2024 09:24
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за користење мобилен телефон при возење. информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.
