Одбраната на таткото на убиената Вања најави жалба
Одбраната на Александар Ѓурчевски ќе бара, и Јавното обвинителство да објасни зошто неговиот клиент сè уште не бил повикан на распит...

До скопска Апелација ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, најави неговиот адвокат. Одбраната на Александар Ѓурчевски ќе бара, и Јавното обвинителство да објасни зошто неговиот клиент сè уште не бил повикан на распит. Оттаму велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ, негирајќи негова инволвираност и какви било сознанија за двојното убиство. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во тек се истражни дејствија.
Во врска со објавените снимки од српски политичар, Обвинителството веќе апелираше, лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.
