ИЗРАЕЛ

Израел со нови напади во Газа, во јужен Либан убиен командант на Хезболах

09.01.2024 10:03

Продолжуваат нападите на израелските сили врз централна и јужна Газа. При гранатирањата во јужен Либан убиен еден од командантите на Хезболах. САД и Саудиска Арабија го повикаа Тел Авив на воздржаност…

Продолжуваат нападите на израелските сили врз централна и јужна Газа во кои, според Израелската одбрана, биле погодени 30 цели на Хамас. Висок командант на Хезболах е убиен во нов напад врз јужен Либан, од групата се заканија со одмазда. Од Вашингтон со став, работат позначајно да го извлечат Израел од Газа, a не е во интерес на никого да се види ескалирање и вистински конфликт. Државниот секретар Блинкен, во рамки на турнејата на Блискиот Исток, на разговори во Тел Авив.

„Благодарни сме на вашата поддршка и за вашата цврста посветеност на безбедноста на Израел и да се осигурате дека ќе победиме во оваа војна. Во четврток ќе започне постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, при што Јужна Африка го тужеше Израел за наводен геноцид. Ние алармираме, се јавуваме, испраќаме летоци, ги користиме сите средства што ни ги овозможува меѓународното право, за да ги иселиме луѓето. Вчера откривме огромна фабрика на терористите под хуманитарен коридор, што Израелците го користат за да им помогнат на цивилите во Газа“, изјави израелскиот претседател, Исак Херцог.

Изминатите денови СЗО алармираше дека две недели не може да пристапи до северниот дел. Белата куќа и западните партнери сакаат забележлива промена во хуманитарната ситуација во Појасот Газа и зголемување на помошта што стигнува до цивилите.

„Ние го цениме лидерството на претседателот во овие неверојатни предизвикувачки времиња. За Израел, за земјите во регионот, а особено за луѓето кои продолжуваат да страдаат. Само што ги посетив Турција, Грција, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и сакам да споделам дел од она што го слушнав од лидерите. Се разбира, ќе имаме можност да седнеме со семејствата на некои од заложниците и да разговараме за нашите немилосрдни напори да ги вратиме сите дома, назад кај нивните семејства“, изјави американскиот државениот секретар, Ентони Блинкен.

Демонстрациите се одржаа пред хотелот каде што американскиот државен секретар е на средба со израелскиот претседател Херцог, во Тел Авив. Претходно, Блинкен изјави дека не смее да се врши притисок врз Палестинците да ја напуштат Газа. На жителите мора да им биде дозволено да се вратат дома, штом ќе се создадат услови.

Маријана Димовска