свет
Продолжуваат жестотките борби во Украина
09.01.2024 11:47
Четворица цивили се убиени, а околу 40 се повредени во напади во четири области, додека Москва соопшти дека целта била воени и индустриски објекти...

Во источна Украина продолжуваат жестоките борби. Четворица цивили се убиени, а околу 40 се повредени во напади во четири области, додека Москва соопшти дека целта била воени и индустриски објекти.
Украинското Министерство за здравство објави дека руските напади оштетиле повеќе од 1.500 здравствени установи од почетокот на војната.
