Сад
Неизвесен авиосообраќајот во САД
09.01.2024 11:50
„Јунајтед ерлајнс“ откри лабави завртки и други проблеми со инсталацијата на повеќе авиони главно управувани од американските авиопревозници...

И натаму неизвесен авиосообраќајот во САД поради приземјувањето на 171 авион на „Боинг 737 Макс“. „Јунајтед ерлајнс“ откри лабави завртки и други проблеми со инсталацијата на повеќе авиони главно управувани од американските авиопревозници.
Дел од кабината на сосема новиот „737 Макс“ викендов се откачи при полетување, принудувајќи го авионот да изврши итно слетување.
