Свет

Јужна Кореја усвои забрана за производство и продажба на кучешко месо

09.01.2024 11:54

Одгледувачи на кучиња, револтирани од одлуката, велат дека ќе ја оспорат уставноста на законот и ќе одржат протестни собири...

Парламентот на Јужна Кореја усвои забрана за производство и продажба на кучешко месо поради загриженост за правата на животните, но и за меѓународниот имиџ на земјата. Одгледувачи на кучиња, револтирани од одлуката, велат дека ќе ја оспорат уставноста на Законот и ќе одржат протестни собири.

Според Предлог-законот, одгледувањето и продажбата на кучешко месо ќе биде незаконско од 2027 година и ќе биде казниво со 2-3 години затвор.