Македонија

Тасевски и Гавровски на средба кај Пендаровски, поддршка за професионално функционирање на М-НАВ

09.01.2024 13:33

Претседателот ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.

Претседателот ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Пендаровски го реафирмираше ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите- стои во соопштението.