Од полноќ нови цени на дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 2 јануари 2024 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.01.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 79,00 ден/лит.
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит и ќе изнесуваат 72,50 ден/лит на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.
