Собрание

До 28-ми јануари ќе завршат процедурите за избор на техничка влада

09.01.2024 14:17

Собранието ја почнува работата во новата 2024-та. Кај спикерот Џафери, координација со првите луѓе на пратеничките групи. Оставката на Ковачевски и Џафери, и избор на нови претседатели на седница во Собрание од 22-ри до 28-ми јануари …

Во рок од шест дена, од 22-ри до 28-ми јануари, во Собранието ќе завршат сите процедури, од оставки до избор на нова влада. Ова било утврдено на првата координација на собранискиот спикер Џафери со партиите од власта, без опозицијата.

Откако ќе бидат констатирани оставките на Ковачевски и Џафери ќе се избере новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, претседателот Пендаровски ќе го додели мандатот за формирање на техничка влада, по што ќе се изврши нејзин избор, а ќе се верификува и нов мандат на пратеник од 5-та изборна единица на местото на Талат Џафери.

И додека власта има свој фаворит за член во ДИК, опозицискиот Европски сојуз за промени веќе ја бојкотира работата во Собранието.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе најави можност дека ќе ја напушти работата на ДИК доколку албанската опозиција не го добие седмото место во изборната комисија.

Миле Ристески