Предлог-законот за државно правобранителство пред пратениците на 16-ти јануари
Предлог-законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите...

Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државно правобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители-информираат од Министерството за правда.
Предлог-законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Република Северна Македонија по истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата на Република Македонија да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја извршувал државно правобранителската функција. Измената се предлага како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.
Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците-стои во соопштението.
