Македонија
Финансиската полиција врши проверки во М-НАВ
09.01.2024 14:41
Се вршат проверки поради сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, како и во процедурите.

Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во македонска навигација. Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, ги прават врз основа на доставениот извештај. Се вршат проверки поради сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, како и во процедурите.
Како што е најавено, на денешната седница Владата ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осум лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.
