Голема кашлица

Еден случај на голема кашлица во „Козле“

09.01.2024 16:49

Голема кашлица е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје во болницата „Козле“. Лани се евидентирани три случаи на пертусис. Најранлива категорија – доенчињата до една година.

Голема кашлица е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од почетокот на годинава евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава, а во моментов едно дете е хоспитализирано на Клиниката за белодробни заболувања.

Со инфекции на долните дишни патишка на детската клиника дневно има и до 200 деца што поминуваат низ консултативните амбуланти. Најранлива категорија се децата до една година, вели Мирјана Поповска, специјалист педијатар во Козле. – Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, потврдува дека во 2023 година се евидентирани три случаи на голема кашлица, сите од Скопје.

Од 1 до 7 јануари евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице. Од новозаболените, најмногу се од Скопје.

Во моментов на Клиниката за респираторни заболувања Козле има хоспитализирано околу шеесетина деца, од кои едно е со Ковид-19.

 

 

Александра Спировска