Традиција

Премиерот Ковачевски на традиционален божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

09.01.2024 19:00

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек којшто го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек којшто го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино-државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св. Стефан.