Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

10.01.2024 08:09

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје времето денеска претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.