ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Запишување на нови земјоделски стопанства во Регистарот

10.01.2024 08:24

Новите земјоделци и новите фирми и годинава треба да се запишуваат во Регистарот на земјоделските стопанства. Крајниот термин за пријавување ќе трае сè додека се поднесуваат апликациите за субвенции. Евиденцијата е еден од условите за добивање финансиска поддршка. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во Регистарот …

Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми ќе можат да се запишат и да се евидентираат во Регистарот на Министерството за земјоделство и Агенцијата за ветеринарство сè додека трае поднесувањето на апликациите за субвенции за 2024 година.

Роковите за поднесување на барањата ги одредува Платежната Агенција. Ова е еден од условите за остварување на правото за државна финансиска поддршка.

Оваа обврска ја имаа и оние фармери кои во меѓувреме ја зголемиле или намалиле, односно направиле промени во сопственичката структура на површините кои ги обработуваат и на бројната состојба на животните кои ги одгледуваат.

Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции.

Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.

 

Методија Трајков