Одбрана

Поддршка од Европскиот мировен фонд за Армијата на Република Северна Македонија

10.01.2024 09:07

Министерката Славјанка Петровска ќе се сретне со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и амбасадорот Томаж Ловренчич, директор на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ...

Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска ќе се сретне со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и амбасадорот Томаж Ловренчич, директор на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ која ќе ја имплементира поддршката од 9 милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Како што најавија од Министерството, по средбата министерката Петровска и директорот на ИТФ, Ловренчич ќе го потпишат Меморандумот за разбирање, по што ќе следат и изјави за медиуми.