Светска банка

Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9

10.01.2024 09:09

Светска банка го објави јануарскиот извештај за глобалните економски изгледи...

Светска банка го објави јануарскиот извештај за глобалните економски изгледи. Во него е наведено дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9 отсто, нешто претставува намалување во однос на јунските проекции на банкарите од Вашингтон. Во Западен Балкан, највисок раст годинава ќе имаат Косово, Албанија и Црна Гора, а подобри остварувања од нас ќе имаат и Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Светска банка оценува дека регионов бил засегнат од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Негативно влијание и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да забавува и ќе биде 2,4 отсто.