ГЕРМАНИЈА
Машиновозачите на германската железница стапија во генерален штрајк
10.01.2024 09:47
Бараат од работодавачот отстапки во актуелните преговори за колективниот договор...

Машиновозачите на германската железница стапија во генерален штрајк. Бараат од работодавачот отстапки во актуелните преговори за колективниот договор. Потегот на вработените во Железницата се поклопува со таканаречената акциска недела на земјоделците кои најавија блокада на сообраќајниците низ целата земја.
Земјоделските здруженија протестираат против укинувањето на субвенциите за дизелот, што може да доведе до целосно парализирање на сообраќајот во Германија.
