ИЗРАЕЛ-ХАМАС

Погодени над 150 цели на Хамас

10.01.2024 09:58

Во Кан Јунис продолжуваат жестоки борби. Американскиот државен секретар Блинкен го повика Израел да работи со Палестинците и соседните земји на плановите за повоена Газа, велејќи дека тие се подготвени да помогнат во обновата и управувањето со територијата, но само ако постои пат кон палестинска држава...

Израелските одбранбени сили објавија дека за 24 часа погодиле над 150 цели на Хамас. Во Кан Јунис продолжуваат жестоки борби. Американскиот државен секретар Блинкен го повика Израел да работи со Палестинците и соседните земји на плановите за повоена Газа, велејќи дека тие се подготвени да помогнат во обновата и управувањето со територијата, но само ако постои пат кон палестинска држава.

Блинкен на крајот од неговата турнеја низ јужна Европа и Блискиот Исток рече дека Израел мора да престане да презема чекори што ја поткопуваат способноста на палестинците сами ефективно да управуваат. Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска гласа за резолуција со која ќе се осудат нападите на Хутите врз трговските бродови во областа на Црвено Море.