ПЕНТАГОН

Лојд Остин опериран од рак, Белата куќа не била информирана

10.01.2024 11:32

Американскиот министер за одбрана јавно ја објави дијагнозата, боледува од рак на простата, а болеста е откриена во рана фаза. Белата куќа не била информирана за операцијата на Остин...

По повеќедневни шпекулации, зошто американскиот секретар за одбрана е во болница, Лојд Остин јавно ја објави дијагнозата. Боледува од рак на простата, а болеста е откриена во рана фаза.

Поради компликации по операцијата на крајот на декември, 70-годишникот морал да се лекува во болница. Претседателот Бајден не бил информиран за состојбата на Остин.

Портпаролот на Пентагон, како причина за доцнењето помеѓу приемот во болница на секретарот и известувањето до Белата куќа, го навел заболувањето од грип на член на персоналот.

Белата куќа ги заостри насоките за отсуствата на министрите.