Руско - украински конфликт

Утринава тревога за воздушен напад низ територијата на Украина

10.01.2024 11:44

Властите им наложија на граѓаните да се евакуираат поради зголемениот ризик од руски ракетни напади...

Прогласена тревога за воздушен напад низ територијата на Украина. Властите им наложија на граѓаните да се евакуираат поради зголемениот ризик од руски ракетни напади.

Во изминатите 24 часа, руските сили извршиле вкупно пет ракетни и над 100 воздушни напади. Освен опасност од гранати, жителите на Украина се соочуваат и со недостиг од струја.

Украинскиот оператор објави дека поради екстремно ниските температури, повеќе од 1.000 градови и села останале без струја во девет региони.