Хилари Клинтон не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на САД
07.06.2014 17:53
Ако се кандидира повторно, рече дека ќе го објави својот здравствен картон...

Хилари Клинтон не ја исклучува можноста Америка да ја добие првата жена претседател во 2016 година.
Ако се кандидира повторно, рече дека ќе го објави својот здравствен картон. Тоа е пракса за претседателски кандидати кога ќе влезат во последниот круг.
Сомневањата за нејзиното здравје почнаа пред две години кога се онесвести поради дехидратација од стомачен вирус и доби потрес на мозокот, а и беше откриен и тромб во главата.
Клинтон во интервју за телевизијата Еј-Би-Си рече дека е во многу добра здравствена состојба.
